4 коментари 1 мин. читање

Програмерите и пилотите земаат највисоки плати во Македонија

Ако не ви се исполнил детскиот сон да бидете пилот, тогаш треба да се потрудите да научите некој програмски јазик бидејќи овие две професии се најплатените во Македонија. Според последниот извештај од Државниот завод за статистика, просечната плата на пилотите е околу 68.000 денари, додека програмерите земаат просечна нето плата од 50.000 денари. Следат банкарите со 43.700 и фармацевтите со 41.600 денари.

Овие професии се платени скоро двојно повеќе од просечната македонска плата која изнесува околу 22.000 денари. Исто така овие четири професии можат да ја исполнат таканаречената „потрошувачка кошничка“ потребна за основен животен стандард на четворочлено семејство што според Сојузот на синдикати изнесува 32.140 денари.

Сепак, и да не сте програмери, ако сте во ИТ индустријата ќе можете да имате основен животен стандард, бидејќи скоро сите плати во ИТ секторот го надминуваат просекот. Факт е дека ИТ индустријата е една од поисплатливите индустрии бидејќи живееме во технолошка ренесанса, но и бидејќи ИТ компаниите и стартапите сакаат да бидат иновативни и го прифаќаат ризикот да пробаат нешто ново, што понекогаш враќа неколку пати поголеми приходи. Знаејќи ги светските трендови, и трудот и парите што се инвестираат во ИТ образование, очекувано е ИТ компаниите да плаќаат добро за своите таленти.

programeri

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top