1 коментар 2 мин. читање 1 февруари, 2016

Обама инвестира 4 милијарди долари за компјутерско образование за сите

Иднината во образованието е во информатичката технологија, вели претседателот на САД, Барак Обама, кој најави инвестиција од 4 милијарди евра за модернизирање на образованието. Овие средства ќе бидат инвестирани во период од три години, а се подготвува и петгодишен план со кој ќе се подобри информатичкото образование во сите училишта. „Нашата економија брзо се менува, а учесниците во образовниот процес и бизнис лидерите сѐ почесто препознаваат дека информатиката е неопходна вештина за економските можности и социјалната мобилност,“ велат од Белата куќа.

Прогнозите во САД се дека до 2020 година над милион работни места за кои e потребно познавање од компјутерски вештини ќе останат без доволно кадар. Недостатокот од кадар, доаѓа поради недоволната сериозност кога овие вештини се во прашање, па дури 28 федерални држави немаат часови за информатика кои се дел од средното образование. Планот доаѓа со поддршка од Apple, Facebook, Microsoft, Google Qualcomm и Salesforce, како и National Center for Women and Information Technology, Code.org, The National Science Foundation и Corporation for National and Community Service (CNCS) .

Г. Обама е во право кога вели дека ИТ вештините ќе бидат неопходни во иднината. Да се надеваме дека сите светски лидери, вклучувајќи ги и македонските власти го слушнаа тоа, и дека наскоро слични мерки ќе бидат преземени и во Македонија. Информатичката технологија и компјутерската писменост веќе се неопходен дел од најголемиот број на понудите за работа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top