(Ова е гостински пост на Иван Ивановски, од Venikom Mobile и основач на македонскиот стартап Lynx.press)
Revolut е револуционерен продукт кој почна да станува се попопуларен во Македонија. Според самиот провајдер има повеќе од 5.000 корисници од Македонија кои можат да праќаат и трошат пари. Но, што е толку револуционерно тука? Revolut не наплаќа никаква провизија, а праќањето на пари од едно на друго лице е инстантно. Плус, курсот за трансфер од една валута во друга е подобар од било која банка.
Парите се праќаат преку SMS порака, Facebok messenger или бил кој друг сервис за комуникација.
Како работи Revolut? Сѐ што треба е да имате паметен телефон (Android или iPhone). Симнете ја апликацијата од Google Play или AppStore и веднаш ќе добиете профил и виртуелна картичка. Со само неколку клика може да ја нарачате картичката и истата физички да пристигне на вашата домашна адреса за неполни 15 дена. Со картичката може да плаќате на интернет и во продавница, во Македонија и во светот.
Колку чини креирање на акаунт и добивање на картичката по пошта? Бесплатно е и побезбедно од било што друго! Ова за мене представува најдобриот сервис за трансфер на пари, иако постојат и слични сервиси што ги земеме за споредба (Neteller, Payoneer, Xoom, Skrill, TransferWise, WesternUnion, MoneyGram, Paypal, Bank Transfer)
Коментари
Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.
13 постари WordPress коментари