0 коментари 1 мин. читање

Tesla продаде само 208 Model X автомобили

Tesla си го исполни планот да испорача 50.000 електрични возила во 2015 година, надминувајќи ја бројката со само неколку стотина возила, пренесува Fast Company. Но, иако Tesla Model S станува сѐ попопуларен (веќе има и еден модел во Македонија), компанијата сепак се соочува со проблем.

Возилата се прескапи во моментот, над 60.000 долари, и желбата да се поседува Tesla автомобил, не оди паралелно со бројките од продажбата. Најизненадувачки во моментов е што новиот модел на луксузно теренско возило Model X не успева да се продава. Откако беше претставен новиот автомобил во септември 2015-та, само 208 Model X автомобили беа продадени. Проблемот се чини дека не е единствено во недостатокот за интерес, туку и во малиот број на произведени возила. Сите 507 произведени автомобили се или продадени или ќе бидат испорачани.

Добра вест за Tesla е дека испораката на масовно произведуваниот Model S е зголемена за 75 отсто. За првата половина на 2016 година Tesla ја најави презентацијата на Model 3 кој ќе биде достапен дури по една година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top