0 коментари 1 мин. читање

Wi-Fi HaLow е нов стандард кој ќе го замени Bluetooth

Нов стандард на Wi-Fi, Wi-Fi HaLow, наскоро би можел да се најде во паметните телефони и други уреди. Станува збор за надградба на сегашниот стандард кој може да го замени Bluetooth. Wi-Fi HaLow ќе биде попригоден за пренос на сигналите низ ѕидовите, а целта е да функционира со помалку енергија, односно на преносни уреди како паметни телефони, камери, фитнес монитори, но и за интернет на нештата. Она што ќе го овозможи оваа генерација на безжична мрежа е споредлива потрошувачка на електрична енергија со конкурентите.

Сепак оваа технологија ќе се користи единствено за пренос на информации кои доаѓаат ретко и во мали пакети, за прелистување на интернет е потребна истата безжична мрежа како и досега, вели Verge. Првите уреди со новата технологија би можеле да се појават околу 2018 година, кога Wi-Fi Alliance ќе започне да ги издава сертификатите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top