2 коментари 1 мин. читање

Надополнето: Продолжува дискусијата за Национална политика за слободен софтвер

Продолжува дискусијата за Националната политика за слободен софтвер. Моментално се разговара за претставениот прв нацрт на политиката кој се уште е во многу рана, „alfa“ фаза, но постепено се склопува. Нацртот можете да го видите подолу.

Целта на Националната политика за слободен софтвер (софтвер со отворен код) е да се поттикне користењето на слободниот софтвер од јавните установи, да се изготви модел како да се преферира слободниот софтвер при јавните набавки и да се прошири слободниот софтвер низ другите институции кои функционираат како јавни, телекоми, банки… со цел да се направи поедноставен пристап до информации, како и да се овозможи транспарентност на практиките како софтверот е развива, дистрибуира и користи.

Дискусијата е организирана од Слободен софтвер Македонија, поддржана од фондацијата Метаморфозис и Министерството за информатичко општество.

Национална политика за слободен софтвер

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top