0 коментари 1 мин. читање

Google и NASA работат на квантен компјутер кој е 100 милиони пати побрз од вашиот PC

Google oткри дека соработува со NASA во изработка супер-брз квантен компјутер. Компанијата изработи алгоритам кој овозможува обработка на податоци што е неверојатни 100 милиони пати (!) побрза отколку на обичен десктоп компјутер. „Ние сме оптимисти дека ќе имаме значителни придобивки, а скусувањето на времето ќе се пренесе и на комерцијални релевантни проблеми кои се јавуваат во задачите со вештачка интелегенција“, вели Google.

Пресметките се направени за специјализирани оптоварувања за кои квантната обработка дава резултати 100 милиони пати побрзо. Резултатите од еден од направените тестови за оптимизација која зависи од 945 бинарни променливи може да ги видите подолу. Графиците се однесуваат D-Wave, Quantum Monte Carlo и симулација.

Сепак „иако технологијата е интригантна и првите резултати охрабруваат“, станува збор само за почеток на квантните компјутери. Следната генерација на „annealer“ ќе мора да може да олесни вклучување на проблеми од практична важност.

image00

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top