Chrome OS е поедноставен оперативен систем кој се фокусира на интернет користењето. Функционира преку Chrome прелистувачот и користи веб апликации.
„Chrome OS е главно прелистувач, тоа е само начин да купите компјутер и да го имате Вебот во центарот на искуството.“ вели Марфи кој додава дека стандардните оперативни системи стануваат непотребни бидејќи денес на голем дел од корисниците им треба само интеренет.
Единствено нешто што им фали на прелистувачите е 3Д гејмингот, но и тоа е на добар пат да се смени земајќи в озбир дека модерните прелистувачи Chrome, IE9 и Firefox сега поддржуваат хардверски забрзана графика.
Chrome OS ќе се појави првин на ноутбукови и лаптопи, а потоа ќе биде оптимизиран за таблет компјутери. Интересно за оваа годината се најавени таблет компјутери кои ќе работат на Android. Зборувајќи за разликата меѓу Chrome оперативниот систем и Android, Марфи рече:
„Android се фокусира на најдоброто мобилно искуство, Chrome се фокусира на најдоброто веб искуство – секако овие работи се преклопуваат.“
Марфи потврди дека до крајот на годината ќе стартува Chrome продавницата за апликации.
Коментари
4 коментари
Коментарите се затворени.