23 коментари 2 мин. читање

Ќе се либерализира .мк доменот

Од јануари 2011 година МАРНет ќе стане јавна установа преку која ќе се либерализира .мк доменот, и ќе се овозможи регистрирање на правни и на физички лица, најави МИО. За полесна регистрација, ќе се направи мрежа на компании ширум Македонија кои ќе го претставуваат МАРНет и ќе обезбедат полесна регистрација на .мк домените.

„.мк доменот ќе биде ставен слободно на пазарот, ќе има конкуренција и разлика на цена на .мк домен. Компаниите кои ќе ги продаваат домените заедно со МАРНет ќе ја утврдат провизијата по домените.“ рече ИТ заменик-министерката Мирјана Секуловска.

Подолу е аудио дел од пресот каде г. Секуловска ја објаснува либерализацијата и регистрацијата на домени од страна на физички лица.

MIO press – MARNet by ViktrArs

МАРНет и натаму ќе остане воден од универзитетите, 5 од 7 членови на Управниот одбор ќе бидат претставници од пет универзитети, еден од МИО и еден член од Министерството за образование. Активностите на МАРНет ќе бидат: поврзување на истражувачките и високо-образовните институции, како и интернационално поврзува до Интернет, воведување и правење анализи за нови сервиси, партнерство со други институции за креирање страгетии за ИТ развој, и секако ќе биде управувач на врниот Domain Name Сервис (DNS), односно .мк доменот.

Беа споменати и кириличните домени, но се чека прво МАРНет да се реализира за подоа да почне процедурата со ICAAN.

Г. Секуловска на страна од инфото за МАРНет најави дека следната година во Охрид ќе се одржи Интернационална конференција за безбедност, која ќе вклучи преставници од поголемите ИТ компании.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

23 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top