2 коментари 2 мин. читање

Наместо 15 Facebook пријатели, девојче поканило 21.000 луѓе на својата журка

Девојчето поставило Event (настан) на Facebook на кој сакала да покани 15 пријатели, но таа по грешка го означила настанот како јавен по што 21.000 луѓе кликнале дека ќе присуствуваат на настанот, меѓу кои имало и лажни профили на популарни личности како Џастин Бибер, Стиви Вондер, Сузан Бојл и, интересно, физичарот Стивен Хокинг.

Групата креирана од девојчето е тргната, но се појавила нова група која ја содржела нејзината адреса и која најавувала „афтер-парти“.

Целава случка ја преплаши мајка и, Трејси Лајвси која рече дека Ребека нема да има роденденска забава и дека ќе и го смени бројот на мобилниот телефон, бидејќи бил спамиран од поканетите. Исто на Ребека и е забранет пристапот до интернет бидејќи не „ги разбрала опциите за приватност“.

„Тие [Facebook] треба да направат да биде очигледно дека настанот кој е креиран нема да оди само кај твоите пријатели, туку кон сите кои го користат сајтот. Кога ова се случи Facebook требаше да сфати дека илјадници луѓе кои сакаат да одат на забава на 14-годишно девојче не е нормално и да ја изгаси групата автоматски.“ вели г. Лајвси за Telegraph.co.uk.

Facebook коментирајќи ја случката рече дека при креирање на Events (настани) постои опција за да се оневозможи групата да биде јавна. Исто така додадоа дека родителите треба да се грижат за малолетните корисници користејќи го и советувајќи се со Безбедносниот Центар.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top