#StartupSelfie со Керим Харуноглу, основач на Yazane

(Oва е гостински пост на Нина Николиќ, стартап ентузијаст и автор на новиот блог #StartupSelfie, во кој објавува интервјуа со регионални стартапи)


Сонцето ме разбуди во убавото неделно утро во Истанбул. Како што се подготвував за мојот прв состанок на денот, работев неколку работи одеднаш додека ја проверував рутата како да стигнам до локацијата на состанокот и истовремено размислував за концепт на нашиот разговор. Понекогаш е тешко да бидеш жена, но барем сме добри во мултитаскинг. :) Истрчав преку вратата бидејќи сакав да бидам таму на време; иако се беше договорено претходно, благодарение на StartupTravels, со возењето со метро од Богазичи Универзитетот до Каракој пак успеав да задоцнам… не сум сигурна како луѓето во Истанбул успеаваат да закажат состаноци на кои никој не доцни!?! Претпоставувам стануваш подобар во планирањето со текот на времeто.

Па, каде да започнеш, кога се обидуваш да ја истражиш стартап заедница, ако не во co-working простор. Тоа беше првите вакви канцеларии што ги посетив во Истанбул, и можеби најубаво уредените, со фантастичен поглед кон Босфор. Бев пријателски пречекана од генералниот менаџер и ко-основач на Yazane, господинот Кeрим Харуноглу. Yazane е нов co-working простор во Каракој, Истанбул, што ги собира на едно место фриленсерите и малите компании/стартапи во стимулирано работна средина.

Kerim-Yazane

„Мојата главно занимање е во индустријата за месо, од таму ми доаѓаат главните приходи, но по едно патување во Берлин, во 2008-ма година, се запознав со концептот на заеднички простори за првпат и го засакав многу. Знаев дека ова е нешто што сакам да го донесам во Истанбул и да ја вклучам локалната заедница. Беше долг процес за основање на Yazane и конечно пред две години успеавме да го стартуваме. Сега имаме три стартапи кои се сместени тука, и 46 маси кои се веќе букирани од сите видови на фриленсери. Имаме и канцеларии за состаноци и како што расте бизнисот, разгледуваме дополнителни простори за Yazane, овој пат во азискиот дел“, вели Керим.

Од тука научив дека заедничките co-working простори се „нешто големо“ во Истанбул, во моментов, и се заинтересирав да дознам повеќе за ситуацијата од прва рака.

„Стартап заедницата расне брзо. Пред неколку години имаше само неколку настани (за кои знаев), на кои заедницата се собираше, но денес е сосема различно. Настаните станаа поразновидни, различни луѓе се вклучија во заедницата, и имаше многу можности да запознаеш луѓе што размислуваат исто како тебе и да се поврзеш со нив. Можеме да видиме како активните членови на заедницата се претворија во менаџери на акцелераторски програми и како се оди напред. Како co-working простор се обидуваме да останеме во контакт со другите заеднички простори во Истанбул, за можности за соработка, но и да ги здружиме напорите да го поттикнеме развојот на заедницата. Во Yazane, на пример, секои два месеци организираме сесии за претставување на стартапите пред бизнис ангели и инвеститори. Моментот кој ме прави горд е кога редовно гледам луѓе што се тука, што споделуваат идеи, работат заедно и си помагаат. Но, исто е важно кога стартапи кои работат тука ќе добијат инвестиција, што е навистина горд момент. Се надевам дека во иднина многу повеќе стартапи ќе ни се приклучат и ќе работат од заедничките простори наместо од домашни канцеларии“, вели Керим.

Yazane-3

Во Истанбул дневно има до 2 милиони туристи што доаѓаат во градот. Некои од нив за бизнис, некои за одмор. Но, без разлика на причината, без заинтересирана да знам колку луѓе се заинтересирани за стартапи, посебно од другите земји што Керим ги запознал до сега, и кое е нивното искуство со работење со Истанбул и Турција.

„Истанбул станува навистина добро место за стартапи и стартап ентузијасти. Се развива во вистинска насока за бизнис, и има шанси да стане голем стартап центар. Запознав многу луѓе што го посетија градот, а некои од нив дури и започнаа бизнис тука. Можеш многу лесно да најдеш добар тим тука. Да започнеш во co-working просторите каде имаш разновидност на професионалци е важно, но можеш да запознаеш луѓе и преку настани и сесии за вмрежување. Од оваа пролет исто планираме да понудиме поширок спектар на стартап настани, митапи, можности за вмрежување и работилници, со цел да ја изградиме заедницата. Мојата главна цел и мотивација е да им се врати на заедницата. Сакам да можам да направам разлика и позитивно да влијаам, и затоа секогаш сум отворен за соработка со локални и интернационални стартап ентузијасти и вратата на Yazane секогаш се отворен за секој што сака да ни се вклучи“, додава Керим.

c73773686729ee633cbdd3d3424633e28cf5d193a4a9d6b1c9b687eef583f347

Си поминав одлично во Yazane и верувам дека е навистина добра средина за работа. Ова го кажувам, бидејќи по состанокот со Керим останам уште малку да ги разгледам канцелариите и да довршам со работа. Уживав таму и сигурно ќе се вратам кога ќе дојдам пак во Истанбул. Му препорачувам на секој што патува во Истанбул, да го посети Yazane. Се надевам ќе направиме уште едно #StartupSelfie со Керим од нивниот нови канцеларии во азискиот дел од градот. Им посакувам среќа и голем успех во нивната мисија да ја развијат стартап заедницата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments