Стартапот Starship, чиј основач е Анти Хенла, еден од креаторите на Skype, планира во иднина да користи роботи за достава на производи. Досега дел од компаниите како Amazon и Google најавија дека работат на дронови за достава, а ова е еден од ретките стартапи кои е заинтересиран за достава по земја.
Компанијата го презентира и своето возило со чија помош ќе врши достава. Станува збор за електричен автомобил кој повеќе наликува на кутија со тркала отколку на возило. Возилото е потполно автономно, операторот ја внесува пратката и адресата, а тоа ја доставува пратката до адресата. Штом пратката го напушти складот корисникот може да ја следи нејзината локација со апликација.
Она што е интересно е дека технологијата и сензорите кои се инсталирани во уредот се идентични како во паметните телефони. Starship е постојано под надзор на оператор кој може да ја преземе контролата врз возилото, или преку микрофон да подвикне доколку некој му пречи при доставата. Сепак тешко веројатно е дека ова ќе ги спречи крадците во намерата да го испразнат Starship, па дури и да го украдат целото возило.
За сега е непознато во која фаза е развојот на Starship, но BBC јави дека забележале прототип на возилото во Лондон, каде и е лоциран стартапот.







