0 коментари 1 мин. читање

Gest сака да биде контролерот на иднината

Gest сака да биде нов тип на контролер, а изгледот на нараквица иако не е нешто ново за сега не е прифатен од корисниците.

Една од главните промени со кои се надеваат дека ќе направат промена е тежината на уредот. За разлика од конкурентите, Gest е лесен, мек и едноставен за користење.

Контролерот е составен од пет дела, најголемиот се „закопчува“ околу дланката а останатите четири одат околу прстите. Главниот дел и останатите се споени со жица, а уредот функционира благодарение на куп сензори – жироскопи, акцелерометари и мангнетометри кои ја лоцираат позицијата на прстите во однос на дланката.Овие податоци потоа се испраќаат до компјутерот.

Освен за десктоп, Gest може да се користи и со паметни телефони или таблет компјутери. Контролерот не само што ќе се обиде да го замени компјутерското глувче во апликациите, туку според презентацијата на Kickstarter ќе може да ја замени и тастатурата. Првиот софтвер со кој Gest ќе функционира во целост е Adobe Photoshop.   

Уредот е на Kickstarter и во претпродажба е достапен за 150 долари, а првите уреди ќе започнат да се испорачуваат веќе во ноември.

 

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top