Nintendo ја најави својата прва игра за паметни телефони – Miitomo

во Свет, Софтвер

Nintendo конечно ја најави првата игра за паметни телефони, но за жал за сите фанови на Марио, тоа не е популарната Марио. Играта ќе пристигне со доцнење од неколку месеци, откако првично беше најавено дека обидот на Nintendo за игра за паметни телефони ќе ја издадат пред крајот на оваа година, сепак го поместија за март 2016.

Првата игра од Nintendo која нема да биде за некоја од нивните конзоли ќе биде Miitomo, и ќе наликува на Tomodachi Life.

miitomo_3.0.0

 

Играта е поместена за подобра промоција, која би требало да започне веднаш по новогодишните празници, вели Татсуми Кимишма. Играта ќе биде преполна со социјални интеракции, а играчите ќе креираат сопствен карактер за чија персонализација ќе може да се докупат дополнителни „украси,“ јави Verge.

Во годината по првичното издавање на Miitomo, Nintendo најавува уште четири нови игри. Miitomo ќе биде бесплатна за преземање и играње со микротрансакции, но останатите игри ќе бидат класични и ќе бидат на продажба.

Овие игри ќе бидат издадени во партнерство со DeNA, но најверојатно сите со поголемо исчекување ја очекуваат Pokemon Go која е партнерство со Niantic Labs, а исто така излегува во 2016.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments