Uber стартува во Хрватска со лиценцирани возачи

во ИТ.ЕУ, Свет

Точно во 13:00 часот во средата во Загреб стартуваше Uber, пишува Netokracija. Ова се возбудливи вести за Хрватска, бидејќи Uber како превозник донесува кул иновации, но со опасност да ја поремети такси индустријата комплетно. Веќе има протести и забрани против Uber во неколку европски земји, и во моментов не е баш сигурно како хрватските власти би се справиле со гневот на таксистите. Но, Netokracija пренесува дека Uber-овите возачи се лиценцирани и според хрватските закони.

Тоа што е сигурно е дека Uber е иновативен, и решен да го освои светот. Апликацијата која е достапна за iOS, Android и Windows Phone веќе ја симнале над 13.000 корисници од Загреб, кои преку неа ќе можат да повикаат такси со еден клик, според локацијата каде се наоѓаат и според возачот кој го оцениле позитивно. Uber нуди и услуги како приватни возачи, иако тие нема веднаш да стартуваат во Хрватска, каде ќе биде присутна само UberX услугата. Наскоро би требало Uber да се рашири и на други градови низ Хрватска, поточно на јадранскиот брег во Дубровник и Сплит.

Нема информации дали Uber би се проширил во Македонија, што би биле лоши вести за локалните компании кои се обидуваат да го реплицираат сервисот, како на пример Claxi.mk. Сепак, постои можност бидејќи има наговестувања дека ќе биде присутен во Србија. Сервисот е присутен во Бугарија и Грција.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments