0 коментари 1 мин. читање

Facebook ќе ве предупреди ако државата сака да ве хакне

Facebook најави дека ќе ги известува сите корисници чии профили се мета на сајбер напади од државни агенции. Корисниците кои ќе бидат таргетирани од напади под сомневање дека доаѓаат по наредба на државата ќе добиваат нотификација штом ќе се логираат на мрежата, се вели во блог постот.

Пораката ќе гласи „веруваме дека вашиот Facebook профил и други онлајн профили се мета на напади од напаѓачи спонзорирани од држава“. По ова ќе следи дополнително логирање преку two-factor авторизација, односно преку код испратен преку SMS порака до корисничкиот број.

Според Facebook, сајбер нападите од држави, или напаѓачи кои се спонзорирани од државата знаат да бидат пософистицирани и поопасни од другите, и затоа е потребно да се има потребна одбрана. Овие напади често значат дека некој уред или профил е веќе пробиен, вели директорот за безбедност на Facebook, Алекс Стамос. Предупредувањето би требало да сигнализира дека таргетираниот корисник треба да си ги смени лозинките, да си ја провери безбедноста, и во краен случај, и најсигурен, целосно да ги замени телефоните и компјутерите што ги користи. Но, предупредувањето ќе доаѓа само доколку има навистина докази за сајбер напад од владини напаѓачи.

12107890_10153611010246886_3935073197580215636_n

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top