Uber го стартуваше својот сервис за достава

во Свет

Uber и официјално започнува со сервисот за достава. UberRush повеќе не е во тест фаза, туку е веќе бизнис со кој компанијата ветува дека ќе испорача „производи веќе во истиот ден“. Први корисници кои ќе можат да го користат се граѓаните на Њујорк, Сан Франциско и Чикаго. Сервисот ќе овозможува достава на производи од продавниците до корисниците за паричен надоместок, кој ќе се движи помеѓу 5 и 7 долари, што покажува дека најверојатно нема да биде погоден за поевтини производи, како храна. Сервисот е достапен директно од Uber или од дел од сервисите како Shopify и Bigcommerce, вели Recode.

Она што може да претставува проблем е неможноста на Uber да ги убеди поголемите произведувачи да се приклучат на иницијативата. Помалите компании и ресторани засега се главна цел за партнерството на Uber, но доколку се покаже како успешен транспортот со Uber, тој ќе биде примамлив и за големите ланци, кои сепак имаат и сопствена достава или договори со конкуренти на Uber. Друг проблем е тоа што Uber нема да испорачува производ доколку е подалеку од 32 километри од продавницата од каде се продава производот. Што се однесува до заработката, 20 до 25 % од превозот одат за Uber, а останатите остануваат за возачот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments