0 коментари 1 мин. читање

Facebook тестира 'претплати се' опција за следење

Следењето нечии статуси е методот за поврзување со луѓе на Twitter односно на новата Apple-ова мрежа Ping. Разликата меѓу тие две мрежи и Facebook е што на Facebook веќе имате „ѕид“ на кој ги добивате сите постови од пријателите. „Претплати се“ е малку чудна опција. Се претпоставуваше дека опцијата ќе служи за следење јавни постови од профили кои не ви се пријатели, но Facebook одговори дека опцијата е само за пријателите. Значи, со „претплати се“ ќе добивате постојано нотификации за постови, со што ќе имате општ „ѕид“ со информации од сите пријатели, и „ѕид за следење“ на тие пријатели што ве најмногу интересираат. Но тоа би биле дупли постови, нели?

Опцијата функционира само ако се заме в предвид мобилниот Facebook или Places. Сигурно преку мобилен нема да читате десетици постови, туку ќе ги проверите нотификациите од пријателите за, пример, итна информација или за локацијата, налик на SMS порака.

Сега за сега опцијата се тестира со одредени корисници, но нема најави кога би била пуштена за корисниците.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top