Аvira праша 3.325 испитаници „Каде мислат дека се крие најголемата опасност од малициозен софтвер?“ на што:
- 12.59 отсто одговориле дека игрите преку прелистувач се опасни
- 22 отсто веруваат дека порно сајтовите се посебно опасни
- 26.69 отсто велат дека пиратските, warez сајтови се многу опасни
- 4.14 отсто велат дека големите портали се опасни бидејќи се популарни
- 34.5 отсто велат дека кога се работи за безбедност, сите веб сајтови се еднакво небезбедни
Спроед Сорин Мустака, експерт од Avira, добро е да се знае дека една третина се свесни дека опасноста од малициозен софтвер може да се појави од секаде, но и дека е лошо да не се верува на сајтовите.
„Ова е општ приказ на нашето општество кога 1 од 3 луѓе не можат да веруваат на ниту еден од сајтовите кои ги посетуваат.“ вели тој.
Страв и паранојата е предизвик не само на корисниците да кликнат и истражат некој сервис, сајт… туку и за самите креатори на тој сервис и сајт за да го убедат корисникот дека нивниот сајт е безбеден. Поентата тука е пред се за сервиси кои користат мејлови, онлајн продавници и плаќање преку кредитни картички…
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.