(Овој пост беше првично објавен на Medium од Горјан Јовановски, дипломиран ИТ студент на ФИНКИ кој од неодамна беше примен на факултет во Амстердам. Текстот го реобјавуваме со дозвола од Горјан, не затоа што се согласуваме со неговото мислење или не, туку бидејќи постот привлече доста внимание на друштвените мрежи и отвори дискусија за како до подобро ИТ општество)
__________________________________________________________________________________
Сакам да ви раскажам приказна за мала балканска земја која се соочува со огромен ИТ проблем. Македонија е мојата земја, и Македонија е место во кое се сомневам дека ќе работам некогаш.
Земја со голема ИТ заедница
Tие зборуваат за неа во вестите, вистина е. Македонија е земја со голем ИТ талент. Компаниите од ширум светот отвараат канцеларии во Скопје, и вработуваат студенти директно од универзитетот. Frontend, backend, QA, за мобилни, што и да посакате, ние го имаме. Всушност, ние имаме толку многу, што започна да ни претставува проблем. Јас дипломирав на насоката Компјутерски науки и инжинерство оваа година, и се преселив во Амстердам. Зошто? Јас можев да најдам работа во Скопје без проблем. Веќе имав неколку пракси во различни компании за време на моите студии, и верувам дека тие ќе ме примеа назад. Но, се преселив поради проблемот кој го нарекувам „disposable asset problem”.
Имање премногу од нешто никогаш не е добро
Во моментов има 700 студенти во мојата генерација кои учат ИТ. Тоа е само моја генерација, и мојот универзитет. Собери ги 4-те генарации од кога проблемот постои, и веќе имаш 2.800 квалификувани ИТ инжинери. Тука не ги земам в предвид генерациите кои учат ИТ на други универзитети, ниту генерации пред да се отвори специјалната ИТ програма.
Тука се појавува проблемот. Немаме воведен испит, и тие ќе прифатат скоро секој во програмата, без врска колку лоши резултати имаат на средношколските тестови (слични на SAT). Собите се преполни, професорите и асистентите не можат да им посветат еднакво внимание на сите, и едукациската програма е небалансирана бидејќи имаме луѓе со програмерско искуство, и луѓе кои не виделе ништо повеќе од Facebook на компјутер.
Вработување и плата
Oх, има куп отворени места за работа, сите со одлична плата од 300 до 400 евра. Ако сте среќен можете да стигнете до 500 евра за неколку години. Сега, можеби луѓето ќе се расправаат дека таа плата е нормална за македонски стандарди, и затоа би ви дал споредба. ВоХоландија, има нешто што се вика high-skilled migrant (луѓе надвор од ЕУ за кои се смета дека поседуваат вештини кои се бараат на пазарот на трудот, како ИТ). Компанија која вработи вешт мигрант мора да му плаќа месечно 3.071 евра (без додатоци за одмор) ако личноста е под 30 години, и 4.189 eвра ако тој е над 30 години или постар. Да земеме во обзир дека треба да платите 42 отсто од данок на таа плата, што не остава со 1.781 евра, или 2.429 евра. Тоа е шест пати повеќе од платата дома. Ако го калкулирате и трошоците за живот така што е двојно поголем од Македонија, вие сепак сте далеку поуспешни работејќи ја истата работа со исти квалификации.
Disposable Asset Problem
Но, да кажеме дека и со лоша плата, вие сепак ќе најдете работа во ИТ. Не треба никогаш за заборавите дека ИТ работниците можат лесно да се заменат во Македонија. Наместо да се гледа на нив како на драгоцени работници, има толку многу други што „можат“ да ја работат твојата работа, што компанијата може лесно да ги смени. Забележавте дека има наводници пред зборот ‘можат’. Тие симблизирираат дека има многу луѓе што велат дека можат да ја работат вашата работа. Дури и тоа да не е вистина, работодавачите ја добиваат погрешната слика за широкиот спектар на бесплатни инжинери. Затоа размислете два пати пред да се жалите.
Има исклучоци, нови компании кои отвараат канцеларии во Скопје и се однесуваат кон вработените со почит и плата која ја заслужуваат. Но тие се во ограничен број, и повеќе и повеќе од другите компании кои веруваат во „евтина снага“ се појавуваат, искористуавајќи неискусни студенти што се подготвени да направат се за било која сума на пари, само за да работат во нивната професија (нешто што во македонија не е вообичаени, понекогаш може да најдете ветеринар да работи во супермаркет, или адвокат да пере коли). Да, имаме многу аутсорсинг компании, но помислите за тоа, дали аутсорссинг компаниите доаѓаат кај нас бидејќи имаме евтина работна рака? Дали сакаме да бидеме познати по тоа?
Дали има решение на повидок?
Да, и иако нема да го реши целиот проблем, за мене е сепак почеток. Треба драстично да се ограничи бројот на ИТ студенти. Кога имате 50-100 студенти годишно што студираат ИТ, тие ќе имаат квалитетна едукација, ќе бидат тренирани за вистински вештини, ќе добијат квалитетни позиции после дипломирањето, и ќе бидат почитувани повеќе, бидејќи не можете само да исфрлите девелопер и да најдете нов за една недела. Платите ќе се покачат, луѓето ќе сакаат да останат и работат во Македонија, и можеби, само можеби, ќе ги задржиме младите внатре во границите на нашата земја.
UPDATE: Ок, можеби ова е премногу едноставно решение за голем проблем, како што некои [во коментарите на постот на Medium] објаснивте. И тоа е точно, има многу причини зошто луѓето сакаат да работат надвор, и јас пишувам само за една од нив. Но, како што јас гледам на работите, имањето 700 студенти годишно (оваа година ќе се зголеми на 930), тогаш едукативната програма не може да се промени за да ги покрие интересите на сите. Имате луѓе кои програмирале пред средната школа и се обучиле себеси, и луѓе кои прв пат доаѓаат во контакт со компјутери на факултет. Оваа разлика влијае врз квалитетот на образованието, бидејќи сега се фокусира само на тие со помалку искуство, и луѓето кои имаат претходно знаење, се оставени да работат на свои проекти, да одат на пракси или да наоѓаат други начини како да си го унапредат образованието. Штом се намали бројот на студентите (преку подобра селекција при уписи) тогаш ќе имате програма со висок квалитет, кој ќе покрива релевантен материјал.
Заклучок
Ова е моето гледиште, и можеби е погрешно, бидејќи има повеќе проблеми што го предизвикуваат и овој, и не можам да кажам дека сум најискусниот човек во македонскиот ИТ сектор. Би сакал да чујам мислење од вас, ако се сложувате или не, или ако мислите дека има друга причина за проблемот.
(Дискусијата на темата може да ја продолжите на оригиналниот Medium пост)
Коментари
14 коментари
Коментарите се затворени.