0 коментари 2 мин. читање

Македонскиот стартап Claxi се претстави на Seedstars World 2015 во Белград

Македонскиот стартап Claxi се претстави на Seedstars World 2015, настан одржан во Белград на 22 септември. Seedstar World е една од најголемите мрежи за стартап бизниси, а во Белград на настанот се претставија најдобрите десет стартапи од Балканот. Покрај Claxi своите идеи ги презентираа и Adrenalyn Mapp, TARRS, Grasslamp, InterEdu, Fliiby, Buildcon, mGuard, Tour Via Me и L@bLogistix.

Учеството на Claxi на настанот е да се претстави пред можните идни странски партнери, но и да ги покаже принципот на работа и придобивките од сервисот. За учество во финалето конкурираа 500 стартапи од регионот, а Claxi успеа да освои место за регионалното финале. Seedstars World сега продолжува во Швајцарија каде најдобрите ќе одат да се претставаат и да се натпреваруваат за инвестиција од 1.5 милиони долари.

Claxi е платформа која ги поврзува таксистите и нивните корисници. Сервисот е поделен на два дела, едниот е наменет за таксистите, а другиот е апликација за корисниците која може да се преземе од Google Play.

Можеби далеку подобрите вести се дека Claxi наголемо работи на активирање на својата услуга во: Србија, Хрватска, Илиноис и Камерун. Дополнително Claxi се подготвува повторно да се претстави на CeBIT, а најавено е и присуство на Web Summit 2015.

Од стартапот споделија и неоколку информации за сервисот во Македонија. Бројот на такси возила кои ја користат нивната услуга е речиси 300 и со тоа се поголеми од било кој од останатите превозници. Апликацијата е преземена над 6000 пати, а секоја секуда ја користат над 20 корисници.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top