Пребарувачот е доста интересен и нуди интересни опции. Пример, пребарување на информации за тендери во последниот месец според владини сајтови. Или пребарување на дискусии на македонски форуми. Може и пребарување на информации само на одредени сајтови.
„Borg.мк е само front end на Google, прави query rewritting и ги користи ресурсите на Google. Borg.мк само го поедноставува пребарањето, додаваш зборови, родови, латиница, кирилица…“ вели Игор.
Со поедноставеното пребарување се добива интересен македонски пребарувач кој нуди информации од .мк сајтови низ најразлични категории.
Пример, ‘Забава’ за пребарување на забавни портали, ‘Образование’ што како ќе се дигитализира образованието ќе биде корисна опција за наоѓање информации. И најинтересно од се има ‘Форуми’ за пребарување мислења на разните македонски форуми и дискусиите кои се случуваат таму. Го прашав Игор за ‘Блог’ опција, но тој кратко рече „ќе биде :)“.
Коментари
38 коментари
Коментарите се затворени.