0 коментари 1 мин. читање

Британската полиција уапси група тинејџери кои сакале да бидат како познатите хакери

Шест тинејџери од Британија се уапесни поради сомневање за учество во сајбер напади. Тинејџерите во нападите имале помош од групата Lizard Squad, иако полицијата вели дека ниту еден од тинејџерите и самиот не е дели од озогласената хакерска група која е виновна за бројни напади на финансиски и државни институции, пренесува ВВС.

Групата тинејџери од 15 до 18 години ја купила Lizard Stresser алатката и потоа со неа вршеле напади на националниот весник, гејминг компании, продавници и училишта. Софтверот го платиле со биткоини, а алатката понатаму ја користеле за DDoS напади. За сега нема податоци за успешноста на нападите.

„За релативно малку пари, алатките како Lizard Stresser можад да направат голема финансиска штета и да го оневозможат пристапот на корисниците до важни информации и јавни услуги,“ објаснува Рони Адамс кој е дел од Државната единица за сајбер криминал.

Сите тинејџери се ослободени по платената кауција.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top