0 коментари 1 мин. читање

Windows 10 постави рекорд, за само еден меесец има 75 милион корисници

Windows 10 има подобар старт од најголем дел од преходните верзии на оперативниот систем. За само еден месец над 75 милиони корисници веќе го инсталираа оперативниот систем на својот уред, сподели Јусуф Менди заменик, претседател на Windows and Devices групата.

Иако најверојатно главна причина за ова е тоа што најголемиот број на легални корисници ги користат оперативниот систем бесплатно, сепак намалувањето на фрагментацијата не е мал подвиг. Бројот на 75 милиони уреди е речиси двојно поголем од 40-те милиони на кои беше инсталиран Windows 8, a Windows 7 е инсталиран на 90 милиони уреди, но за осум месеци.

Брзиот пораст на бројот на корисници кои инсталирале WIndows 10 ќе продолжи се до целосната замена на Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1. Најверојатно дел од корисниците чекаат верзија на оперативниот систем во која ќе бидат надминати сите проблеми кои се присутни на почетокот или можеби не се нестрпливи да се префрлат поради новата контраверзна EULA.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top