Ќе може ли YouTube Gaming да биде подобар од Twitch?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Софтвер

Одлични вести за сите кои гејмери кои сакаат да стримаат и гледаат видеоигри. YouTube Gaming официјално е достапен и за прв пат по долг период Twitch има сериозна конкуренција. За сега сервисот е достапен на веб, но има iOS и Android апликации кои за сега се достапни единствено во САД и Велика Британија.

Сервисот доаѓа со над 25.000 игри на сопствени канали кои ќе бидат стримани со 60 fps. Освен промената на бојата која на YouTube Gaming е темна, речиси и да нема разлика со стандарниот сервис, иако новитет се категориите кои им овозможуват пребарување помеѓу различни категории: „let’s play“, популарни или во живо. Вистинскиото прашање за YouTube е дали ќе успеат да ги одвлечат стримерите, а со тоа и гледачите од Twitch. Можеби најголемата предност на YouTube кога гледачите се во прашање е можноста да се вратите назад во стримот во времето пред да се приклучите и да изгледате што сте пропуштиле.

Популарноста на видеоигрите на YouTube е огромна, a десетте најпопуларни канали месечно генерираат 2,2 милијарди посети. Во YouTube сега очекуваат пораст на гледаноста на турнирите и гејминг шоу одделот. „Можеби некои YouTube креатори кои не стримале до сега ќе почнат. Ќе видиме дека некои од омилените креатори ќе започнат со програма во живо“, вели Рајан Вајат од YouTube за Guardian.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Darko
Darko
7 years ago

Нема шанси.. додека не уведат Kappa emote :P

ит кариера

Melon, part of Kin+Carta

Junior DevOps Engineer

Melon, part of Kin+Carta

Data Scientist

Matrix Global

Junior IT Recruiter

види ги сите огласи на kariera.it.mk