0 коментари 1 мин. читање

Project Ara не е стартуван бидејќи телефоните се кршат брзо

Google е принуден да го одложи излегувањето на првиот модуларен телефон Project Ara. Идејата за телефонот е секој сам да си креира што е можно поперсонализиран уред со делови кои се менуваат, но за жал токму магнетните „жлебови“ кои овозможуваат ова, се причина што телефонот не може да го помине Crash-тестот.

Google веќе работи на решени за овој проблем, а се лини дека електро-перманентните магнети се веќе во историјата, барем кога во прашање е Project Ara. Тимот веќе има ново решение кое го тестира, но ова значи дека крајните рокови ќе бидат поместени, и во зависност од успешноста на тестовите, наскоро би требале да дознаеме колку време. Project Ara требаше најрано да излезе до крајот на оваа годиниа. Сега се чини дека ова нема да биде можно, па за модуларните телфони ќе треба да причекаме до следната година.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top