0 коментари 1 мин. читање

Офлајн FPS игра стана вирална со над 6,5 милиони прегледи

Некојпат најлудите експерименти даваат неочекувани и одлични резултати. Aнглискиот филмаџија Дејвид Рејнолдс направи социјален експеримент користејќи го Chat Roulette, Omegle и Skype преку кои покани странци да го управуваат како во видео игра, но во офлајн светот. Неговата „игра“ беше сместена во FPS сценарио каде странците преку сервисите за комуникација му даваа наредби на протагонистот да се движи и истражува низ неговиот двор. Благодарение на GoPro камера прикачена на кацигата „играчите“ можат да го видат истото што и протагонистот. Приказната е едностава треба да му се помогне на Дејвид да избега од куп зомбија, но и почуднии суштества. На видеото може да видите дел од снимките и зошто стана вирално, привлекувајќи милион гледачи за половина ден, а за три дена веќе се надминати шест милиони гледачи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top