0 коментари 1 мин. читање

Обожаватели на Кристијан Лубутан? Ова (не) е апликација за вас…

Единствената бесплатна работа која можете да ја поседувате од обожуваниот дизајнер на чевли Кристијан Лубутан е новата апликација за уредување на фотографии на брендот, едноставно наречена „Louboutinize“. Бизарната апликација, која во моментот е достапна само за iPhone, содржи три прилично нејасни филтри. И толку.

Првиот филтер ви овозможува да го претворите секојдневниот живот во хорор филм, обојувајќи го во добро-познатата црвена Louboutin нијанса.

Вториот (според нас најзабавен) филтер чија поента сè уште не ни е јасна, ви дозволува да ѝ додадете пар нозе на вашата фотографија и да ги претворите вашите модели во балетани, балерини, танчерки, матадори, фудбалери или пак поло играчи. Изборот е ваш, а за најдобри резултати користете ја камерата достапна во самата апликација за да ги позиционирате нозете соодветно на субјектот којшто го фотографирате.

Третиот филтер сè уште не ни е кристално јасен, меѓутоа се надеваме дека екраните на телефоните никогаш нема да ни изгледаат вака во реалниот живот:

Иако со нетрпение ги очекуваме новите филтри, сепак сметаме дека г. Лубутан треба да ги лимитира своите креативни напливи само кон дизајн на совршени чевли!

Напишано од

Јована Зука е маркетинг специјалист во <a href="http://glitchagency.com">Glitch Agency</a>, интерактивна маркетинг агенција во сопственост на IWM Netwоrk и ко-основач на <a href="https://www.lift.fashion/">ЛИФТ</a>.

Мени
Заедница
Изглед
To top