Има добри вести за Sony, Nintendo и Microsoft. Нивните конзоли ќе можат да се натпреваруваат која прва ќе го освои кинескиот пазар, откако Кина ја тргна забраната за продажба на гејминг конзоли произведени надвор од земјата. Со новата одлука која до сега дозволуваше продажба на увозни конзоли само на трговски зони во Шангај, сега продажбата се проширува во Кина на територијата на целата држава.
Забраната за конзолите датира уште од 2000 година кога Кина го затвори својот пазар за увозни гејминг уреди, па сега прв пат по 15 години, гејмерите од целата Кина легално од продавниците ќе можат да ја купат својата омилена платформа за видеоигри. Кина е пазар со потенцијални 1,3 милијарди купувачи, па Sony, Microsoft и Nintendo имаат причина за возбуденост. @Ова е фантастична вест за нас“, вели портпаролот на Sony Computer Entertainment во интервју за Wall Street Journal.
Воодушевувањето на Sony не е изненадување, посебно ако се има в предвид дека кинескиот пазар за видеоигри, вклулувајќи ги тука и конзолите и мобилните видеоигри е проценет на околу 22 милијарди долари. „Светла иднина за гејмингот во Кина. Минатата година креиравме канал за продажба на Xbox One во Кина, бидејќи забележавме одлична можност за да го донесеме светот на коноли во Кина“, велат од Microsoft.
Во моментов борбата за најпродавана конзола ја добива PlayAtation, водејќи на светскиот пазат во продажбата. Сепак имајќи ја в предвид големината на пазарот, двете компании без сомневање ќе започнат со подобри понуди да освојат уште еден од најголемите светски пазари.