0 коментари 2 мин. читање 27 јули, 2015

Стивен Хокинг ќе одговара на прашања на Reddit AMA

Без разлка на сите учесници кои досега учествувале и одговорале на прашањата на корисниците на Reddit AMA, првото појавување на Стивен Хокинг без сомневање ќе биде посебен настан.

Со оглед на специфичноста на настанот и на гостинот, овојпат AMA, закажан на Reddit Science во соработка помеѓу Nokia и Wired, ќе биде решен малку поинаку. Заинтересирани ќе можат да ги поставуваат своите прашања од денес 27 јули, па се до 4 август. Потоа во преиод од неколку недели Стивен Хокинг ќе одговара на прашањата. Ислучокот е направен за Reddit AMA на Стивен Хокинг поради начинот на комуникација, па поради бавноста бројот на прашања на кои ќе може да одговори во стандардниот формат ќе биде значително помал.

Една од најавените теми за разговор, е вештачката интелегенција, а г. Хокинг е заговорник на мораториум на нејзиониот развој поради опасностите кои смета дека можат да се појават, јави Verge. Без разлика кои се темите на раговор, можноста да се слушне размислувањето на еден од најголемите умови без сомневање никого нема да остави рамнодушен.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}