0 коментари 1 мин. читање

Уаа плагијатори! Тwitter ќе брише украдени вицеви

Доколку сте дел од помалиот број на Twitter корисници кои пишуваат интересни или смешни твитови кои останатите корисници ги крадат, тогаш Twitter има добри вести за вас. Микро-блогот започнува со блокирање на украдените твитови повикувајќи се на авторското право, забележа Plagiarism Is Bad.

Еден од првиоте твитпви кој го одбележа новитетот доаѓа од Олга Лексел, која преживува од пишување на вицови, а Twitter го користи за да ја види реакцијата на нејзиниот хумор. Функционалноста е овозможена за сите корисници, иако сите треба да поминат низ популнувањето на „формуларот“, а можат да го пополнат или сопствениците на содржините или овластен застапник на авторот. Понатаму Twitter ќе одлучи дали сте во право за барањето или некој од другите корисници сепак е сопственик на авторското право за твитот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top