0 коментари 1 мин. читање

Во САД сега се праќаат пари преку Facebook Messenger

Facebook воведе нова функционалност на Messenger и наскоро корисниците ќе можат едноставно да им испратат пари на Facebook пријателите преку порака. Функцијата најпрво ќе биде достапна во САД, а најголемата предност и е што е едноставна за користење, но и бесплатна.

По имплементирањато на функцијата корисниците ќе забелешат ново копче „$“ на екранот за испраќање пораки на апликацијата. По негово притискање, само треба да избере колку пари сака да испрати и да притисне „Pay“ по што трансакцијата е направена. Прифаќањето на парати е уште поедноставно, па корисникот едноставно треба да ја одбере сликата на кошницата, а парите автоматски се префрлаат на сметката. Се разбира при првото испраќање или примање на парите корисникот ќе треба да ја внесе својата платежна картичка. „Парите кои ги испраќате се префрлаат веднаш. Може да има потреба за чекање до три работни дена додека да стигнат парите во зависност од банката“, вели Facebook.

Facebook вели дека секој ден процесира милиони трансакции, главно од играчите на Facebook видеоигрите, но и дека компанијата од 2007-та година до денес не добила поплака од корисниците околу плаќањето.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top