0 коментари 2 мин. читање 14 јули, 2015

Rakuten го купи естонскиот Fits.me за виртуелнo пробување облека

Rakuten, jапонската верзија на Amazon, е нов сопственик на естонскиот стартап Fits.me кој работи на подобра визуелизација на продуктите, главно облека која корисникот сака да ја купи онлајн. Сервисот овозможува корисникот да облече сопствена виртуелна кукла во облеката која го интересира и да види дали изборот му се допаѓа. За сега нема податоци за тоа како новата компанија ќе се интегрира во Rakuten, но се чини дека природно се надополнуваат.

Стартапот нема да биде дел од Rakuten, односно ќе биде посебен оддел иако се чини дека ќе биде интегриран во продавницата и ќе им ја овозможи на купувачите од продавницата истата функционалност која ја има и досега. Компанијата најавува инвестиција во развојот на технологијата и продолжување на работата со постоечките клиенти. Доколку двете компаини успеат да ја интегрираат виртуелната реалност во иднина, но и можност за крирање на веродостоен аватар во сајбер просторот без сомневање значително ќе се намали бројот на незадоволни купувачи во иднина.

„Fits.me претставува забавно и функционално шопинг искуство оналјн и природно се надоврзува на нашето растечко портфолио за е трговија и маркетинг. НЕ само што овозможува виртуелна гардероба која овозможува пореално шопинг искуство. туку им овозможува на трговците да добијат релевантни податоци за постојано унапредување на својата услуга“, вели Хироши Микитани, директор и основач на Rakuten.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top