0 коментари 1 мин. читање

Facebook со нов дизајн и 400 милиони корисници

„За да го прославиме шестиот роденден и 400-те милиони корисници, го правиме тоа што најмногу го сакаме – градиме и стартуваме нови продукти.“ вели Марк Зукерберг.

Facebook објави нов дизајн кој полека стартува кај корисниците. Новитетите се промена на положбата на нотификациитe, промена на левиот таб коj служи како мени, поинакво разгледување на фотографиите… Има и интересна измена со барот за пребарување кој е многу поголем и е во центар.

Покрај овие измени на дизајнот, блогот TechCrunch открива дека Facebook работи на проект „Титан“ т.е. планира да направи сериозни измени на имејл сервисот, па можеби и да му конкурира на Gmail.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top