Троловите во Нов Зеланд наскоро ќе станат загрозен вид. Законодавците во оваа островска држава донесоа легислатива со кој тролањето на интернет е забрането. Законот предвидува казни за троловите кои се движат од парична казна па се до затворска казна.
Дополнително ќе биде креирана и агенција за соработка со Facebook, Google и Twitter, со која ќе се олесни отстранувањето на навредливите коментари и содржини. Ова е еден од првите закони директно насочен против навредите на интернет, иако и досега постои можност за тужби за клевата или навреда.
Дел од корисниците се загрижени дека можеби со законот ќе биде повредена и слободата на говор, но постојат и критичари кој велат дека законот е премногу благ, а законските акции ќе имаат премогу висок праг на толеранција, вели BBC.