Внимавајте на Vurtual Vehicle измами што се прават преку македонските огласувачи

Постои сомнеж за нова интернет измама со автомобили која оди преку македонските огласувачи. Предупредувањето доаѓа од @jp389 кој напиша дека постојат лажни огласи кои најлесно може да ги препознаете бидејќи користат чуден превод, најверојатно направен со Google Translate.

Се работи за познатата Virtual Vehicle измама. Тактиката е следна: измамникот објавува огласот на возило кој е копија од друг оглас, но цената на возилото или километражата се помали. Огласот нема телефонски број, туку само имејл контакт бидејќи продавачот на возилото инсистира на заобиколување на страните на огласувачите и директен контакт. Но, штом им испратите имејл, измамата започнува слично како и таканаречените „нигериски“ спам измами. Измамникот веднаш бара име и презиме, адреса, град, поштенски број, телефон и имејл, и започнува да ви продава измислена приказна за да ви извлече пари без да го видите возилото. Од тука е името – „виртуелно возило“.

Kонечната цел на измамникот е да извлече пари од вас. Најчесто огласувачот по имејл ги известува сите кои го контактирале дека возилото не е во државата од каде потикнува заинтересираниот купувач и дека ќе биде потребен транспорт. Најчесто како транспортер се спомнува реномирана компанија која ќе го достави возилото за неколку дена, а купувачот ќе има неколку дена да го разгледа возилото и доколку не е задоволен да го врати. Но, штом ќе биде побаран капар за транспорт на возилото кое никогаш не сте го виделе, тогаш се појавува опасност од посериозна измама. Заедно со капарот измамникот може лесно да ги добие сите податоци од платежната картичка. Претпоставувате купувачот ниту ќе го види возилото, ниту ќе ги види парите повторно, а измамникот може во целост да ја испразни картичката.

IT.com.mk се обиде да стапи во контакт со продавачот до кој линкаше Јован во својот твит, но не добивме одговор. Малку подоцна од објавување на текстот, добивме одговор, и како што беа сомнежите одговорот е целосно на англиски, со најава дека возилото е во Германија и дека треба да се плати капар. Се обидовме да најдеме и други огласи, но се покажа дека е тешко да препознате измама од оглас се додека нема директна комуникација. Дури и тогаш е проблем бидејќи дописките не се опасност за купувачот. Опасноста е во моментот кога ќе бидат побарани пари.

Но, како и со секој спам најдобрата заштита е претпазливоста, бидејќи ваквите измами лесно се препознаваат. Не купувајте продукти од некој што има невообичаена приказна и што брза некаде, пример да излезе од државата па затоа цената е помала. Никогаш не испраќајте пари ако не го познавате корисникот, или пак ако не сте го виделе продуктот. Ако треба да испратите пари, правете го тоа преку познати сервиси кои ви гарантираат некоја сигурност.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk