0 коментари 1 мин. читање

FBI потврди дека има безбедносен пропуст со кој може да се киднапираат авиони

Американското Федерално истражно биро (FBI) ги потврди тврдењата на Крис Робертс, кој вели дека нашол и искористил безбедносни пропусти во авион на United Airlines, за да го управова за краток период.

Според изјавата на г. Робертс за FBI, тој успеал да го промени кодот на компјутерот за контрола на забавата, по што добил пристсап до контролите на авионот, односно го натерал авионот да се движи странични и да скршне од курсот. Подетално тој едниот од моторите го командувал да се подига, со што авионот започнал со странично движење. Документот кој го издаде FBI, ја потврдува верзијата на г. Робертс за Wired.

Доколку се потврдат обвинувањата од извештајот на FBI за преземање на контрола врз авионот, г. Робертс го очекува можна затворска казна за загрозување на животите на патниците. Дел од експертите се сложуваат со ова велејќи дека не смее да се злоупотребуваат пропустите, дури и ако е тоа обид за подигање на свеста за безбедноста, без разлика колку и да е голем пропустот, се доколку се загрозуваат животи на луѓе.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top