0 коментари 1 мин. читање

Apple Watch има брутален и едноставен пропуст со кој се ресетираат податоците на корисникот

Сепак Apple Watch не е доволно безбеден за да ги одврати крадците. Иако часовникот не дозволува пристап до податоците на корисникот, крадецот едноставно може да го ресетира и да го синхронизира со друг iPhone, вели Џеф Бенџамин на својот блог. Најголем недостаток е што ова е враќање на проблем на кој корисниците на iPhone не мораа да размислуваат две години, бидејќи iPhone автоматски се заклучуваше и доколку некој го украде станува бескорисен. За жал ова не е случај и со часовникот кој само треба да се приклучи на нов телефон.

Едно од можните решенија кој ги предлага г.Бенџамин е да се побара авторизација од претходниот телефон пред да биде заменет со впарувањето преку Apple ID. Во моментов крадецот нема пристап до податоците на Apple Watch по ресетирањето на часовникот, но може да си го користи без никаков проблем.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top