1 коментар 1 мин. читање

SpaceX објави постери за колонизација на Марс

Space X со неколку одлични ретро постери ќе се обиде да ги повикаат и најголемите скептици да дојдат на Марс. Веќе некое време, основачот на SpaceX, Илон Маск, предлага дека човештвото треба да се фокусира на колонизирање на „црвената планета“, иако во моментот тоа изгледа повеќе како научно-фантастичен проект, одошто реалност. Но, можеби со постерите ќе ги убеди луѓето да ја прифатат идејата и да се заложат во колонизирањето на другите светови. Постерите ги повикуваат сите на патешествија и посета на неколку дестинации на Марс: „Olympus Mons – највисокиот врв во соларниот систем“, „Phobos & Deimos“ и „Valles Marineris – систем на кањони на Марс.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top