Microsoft ја објави јавната тест верзија на Office 2016 за Windows 7, 8 и Windows 10. За разлика од првата тест верзија која беше за професионалци и девелопери, оваа е достапна за сите и може да се преземе од сите заинтересирани.
Новата верзија на Office пакетот ќе функционира на последните две верзии на оперативниот систем, но и на компјутерите на сите кои ја инсталирале „preview“ верзијата на Windows 10. Дел од опциите кои се најавени на Office, но нема да бидат достапни на овој тест се однесуваат и на touch-first функционалноста на софтверот, но најавени се за оваа недела. Microsoft сè уште не е задоволен од функционалноста за соработка на проекти, па оваа тест верзија нема да ја поседува оваа можност.
Microsoft во пост објасни за малите детали што се нови во Office 2016 Preview, како DPI поддршка za 300% што прави документите да изгледаат подобро кога се зумирани или на поголеми екрани; има подобар интерфејс, теми во боја; вметнување на слики со точна ориентација; групи за Outlook но само за бизнис корисниците, Lync сега е Skype for Business; и куп други новини што се главно за бизнис корисниците.
Според информациите од Microsoft, Office 2016 ќе биде достапен во октомври и ќе чини околу 145 долари.