0 коментари 2 мин. читање 4 мај, 2015

Apple Watch не работи како што треба врз темни тетоважи

Apple потври дека луѓето со „постојани или провремени промени на кожата, како тетоважи“ нема да можат да го користат сензорот за отчукувањето на срце вo Apple Watch бидејќи „мастилото, шарата и бојата на некои тетоважи може да го блокира светлото од сензорот, што може да направи проблеми при собирање на податоците“.

Проблемот со сензорот првин го забележаа корисниците кои на Reddit објавија видеа и детали за работата на паметниот часовник, што подоцна го потврди и Apple. Но, некои од корисниците велат дека сензорот за отчукување на срцето функционира како што треба иако имаат тетоважи, додека други корисници со потемни тетоважи забележуваат погрешни податоци. Apple Watch е дизајниран и да работи преку облека, и работи на потемна кожа.

Проблемот се чини е тоа што Apple Watch се заклучува кога не може да детектира кожа, и тетоважите некако го спречуваат сензорот да ја препознае кожата. Според Стивен Лебуф, основач на Valencell, компанија која работи со биометрички сензори, Apple користи сензори кои со зелено светло ги пенетрираат првите неколку слоја на кожата, и го мерат крвотокот во капиларите што се под површината. Но, тоа зелено светло се апсорбира од мастилото што се користи во тетоважите, вели г. Лебуф за Quartz.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top