2 коментари 2 мин. читање 11 август, 2010

Twitter објави официјалнo копче за споделување

Првобитниот текст: Twitter објави свое официјални копче за споделување на текстовите, покрај кои ќе има и бројач на колку пати е споделен еден текст, открива Mashable велејќи дека стигнале до документ на Twitter во кој се разгледува планот за копчињата.

Споделувањето на текстовите на друштвените мрежи стана доста популарно меѓу корисниците бидејќи споделуваат со пријателите нешто што ги интересира, но и важно за сајтовите кои на тој начин ја доближуваат својата содржина до повеќе корисници. До сега копчињата за споделување на Twitter одеа преку TweetMeme сервисот, кој сега ќе стане директен конкурент на Twitter во споделувањето на линкови.

Twitter копчето за споделување ќе е една линија код која лесно може да се вметне во било кој сајт. Копчето ќе биде во три димензии 110×20, 55×20, 55×63 со неколку димензии на персонализирање.

Сe очекува Twitter да го објави копчето во текот на неделава.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
name
name
15 years ago

па што не кажете бре за копчето! :)

@jovantrpceski
15 years ago

Почнаа да го копираат фејсбук! Сега претпоставувам и твитер групи ќе има!

Мени
Заедница
Изглед
To top