Повеќе вреди да бидеш iOS девелопер отколку да работиш на Android апликации. Ова е заклучокот од новото истражување на App Annie во кое се открива дека јазот меѓу заработката на апликациите на Google Play и на App Store се зголемува, овојпат благодарение на корисниците од Кина. Во првото тримесечие на 2015 година разликата помеѓу заработката е 70 отсто, а во последното тримесечије на 2014 година, оваа разлика беше 60 отсто на светско ниво.
Важноста на кинескиот пазар можеби најдобро е опишана со бројки, а за 2015 година бројот на преземени апликации во Кина е поголем од бројот на преземени апликации во САД. Дополнително во пораст е и бројот на нови корисници на iPhone кои досега не ги користеле телефоните на Apple. Причина за поголемото побарување на iPhone по излегувањето на iPhone 6 можеби е и поради поголемиот екран, бидејќи дури 60 отсто од продажбите во Азија се големи телефони со екран помеѓу 5 и 7 инчи, констатира TechCrunch. Иако сега Кина е прва според преземање на апликации од App Store, во заработката од апликациите сепак САД го држи првото место.
Добра вести за Android е зголемувањето на преземање на апликации од Google Play па бројот на презементи апликации во првите три месеци на 2015-ta е 70 отсто поголем од бројот истиот период во 2014 година. Зголемувањњето за Google Play пред се доаѓа од Мексико, Турција и Бразил.

