1 коментар 1 мин. читање

Тwitter воведе полиса за починати твитерџии

Twitter нема да дозволи пристап до профилот на починатиот корисник, но ќе им дозволи на најблиските, откако ќе достават соодветни документи, да одредат како и дали ќе се сочува профилот. Исто така профилот на починатиот нема веќе да се појавува во листата на сугерирани профили.

Со ова Twitter се приклучи на Facebook кој има слична полиса за профили на починати корисници. На Facebook постои опција да се тргне профилот или да стане меморијален профил т.е да остане достапен само за најблиските пријатели.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top