За жал, секоја година во светот се сечат 26 милијарди дрва, а се садат само 15 милијарди. Но, стартапот BioCarbon Engineering е решен да го изедначи овој резултат. „Рачното садење на дрва, е бавно и скапо, но најголем проблем е што не може да се спротистави на темпото со кое ги сечеме дрвата. Нашата технологија треба да овозможи зголемување на бројот на засадени дрва“, вели Лорен Флечер основач на BioCarbon Engineering.
Стартапот работи на беспилотно летало со чија помош ќе може да засадат милијарда дрва годишно. Начинот кој го осмисли BioCarbon Engineering е следниот – најпрво беспилотното летало лета над теренот и врши процена за пошуменоста на локацијата. Доколку постои можност за дополнително пошумување леталото се спушта на висина од 2 до 3 метри и ја „испалува“ садницата со доволна брзина да биде вкопана во почвата. Семето е обложено со хидрогел со хранливи состојки кои ја зголемуваат веројатноста дека дрвото ќе порасне.
Дроновите можат да засадат 10 дрва секоја минута, а само со два оператори можно е дневно да се засадат 36.000 дрва, а цената на ова садење е само 15 отсто од рачното садење на дрва, пренесе Fast Company.
UAE Drones for Good England from zee on Vimeo.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.