9 коментари 2 мин. читање

.мк дестинации за понежниот пол

Подолу се неколку .mk сајтови кои се специјализирани за интересите на понежниот пол, од мода преку козметика до лични искуства во разни врски и форуми каде се дискутираат сите женски нешта…

Skopje Street Style и Magnolianna се блогови водени од Ана Нестoровска, која пишува за модата во весникот Дневник. Нејзините блогови се доста интересни бидејќи таа често пишува за македоснските дизајнери и локалното модно влијание. Има интервјуа но има и доста постови кои се преполни со фотографии. Сликата кажува повеќе од зборовите, нели?

Femina.mk е портал кој покрај разните совети, новости, текстови за убавината и модата, рецепти, текстови за семејство и кариера… има и активен форум во кој членуваат над 12.000 македонски жени и девојки.

NotForMen е веб портал кој покрај вестите и разните теми, се и креатори на Unique магазинот за жени. Магазинот е уникатен по тоа што е една од најпопуларните македонски страни на Facebook со над 61.000 фанови. А Facebook е перфектно место за жените да споделат мислења и искуства за секакви теми.

Glamstik.mk е мешавина од форум и друштвена мрежа каде девојките и жените покрај дискусиите, можат да си отвора дневник, да поставуваат прашања за диети, козметика… или пак да објавуваат слики и видеа

Fancy.mk е еден вид на галерија/сервис преку која може да се разгледуваат фотографии од облека, креации… и на лесен начин да се искаже мислењето за нив… преку притискање на Ми се допаѓа/Не ми се допаѓа копчињата или пак преку споделување на сликата на друштвените мрежи.

Zena.mk е портал полн со информации, вести и совети наменети за жените. Има и доста кул совети, како на пример предлог за адреналинска инекција – скокање со падобран. :).

Доколку има уште некои интересни .мк сајтови за женски пишете ни во коментарите подолу, бидејќи како машко сум заглавен на Марс. :)

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top