0 коментари 2 мин. читање 17 март, 2015

Протести против роботите и вештачката интелигенција на South by Southwest

Повеќе граѓани се собраа во главниот град на Тексас, Остин, каде се одржува популарниот фестивал за филм, музика и технологија, South by Southwest, за да го изразат својот протест против технологијата која во иднина би овозможила креирање на вештачка интелегенција и паметни роботи.

„Мора да бидеме внимателни за да не овозможиме на вештачката интелегенција или технологијата да ги заземат местата на луѓето, на начин кој ќе биде контрапродуктивен за човештвото“, вели Адам Мејсон, портпарол на групата за Yahoo Tech.

Stop the Robots движењето се противат на замена на луѓето со технолoгија, поточно со роботи. Протестите се организирани од 15-20 студенти на Универзитетот Тексас, и според учесниците на протестот станува збор за огромен успех, бидејќи усепале да се наметнат и биле претставени со повеќе статии во медиумите.

„Сите сметаат дека станува збор за група која е против технологијата и ова е насока во која се движиме. Но ние всушност сме за технологија. Ние ја сакаме технологијата и предвидуваме дека во иднина технологијата ќе биде неопходна за човештвото“, додава г.Мејсон.

Групата смета дека Илон Маск и Стивен Хокинг се во право кога предупредуваат на опасностите од нерегулиран развој на технологијата која ќе овозможи паметни машини. Според портпаролот на Stop the Robots на групата и се преклучуваат членови од целиот свет, а судејќи според пораките кои ги добиваат бројот на луѓето кои се исплашени од развојот на паметни роботи е се поголем.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top