Како средношколец направи бизнис од милијарда долари со стари телефони

во Свет

Бен Неш е претприемач и сопственик на PCS Wireless компанија за продажба на телефони, која вреди над милијарда долари. Пред 15 години, иднината на г. Неш можеби и не изгледаше ветувачки, бидејќи тој само што се откажа од средното образование и се одлучи да започне сопствена компанија. Иако размислуваше и за недвижности, сепак на крај се одлучи за компанија која ќе продава телефони и тоа телефони кои никој не сака да ги купи. Тоа што го одвојуваше г. Неш од останатите е неговиот талент за продажба. Тој на 17 години беше најдобар продавач во компанијата во која работеше, вели Business Insider.

„Сите имаа купови телефони во магацините. Некои телефони никој не сакаше да ги купи и беа исфрлени од операторите. Некој беа вратени, иако нови, но без оригиналните налепници. Некои од користените телефони имаа потреба од поправки“, вели г.Неш за своите почетоци.

Компанијата започна да купува користени телефони и телефони кои никој не ги сакаше, за да ги поправат и да ги продадатна креативен начин. Првите клиенти на компанијата беа други компании кои сакаа евтини телефони за своите вработени, и продавниците кои сакаа да се решат од залихите на телефони кои никој не сакаше да ги купи. Компанијата профитираше и од успехот на Apple, а нивните вработени чекаа со комбиња да ги купат iPhonе-ите на корисниците секој пат кога Apple излегуваше со нов модел.

Бизнисот беше успешен уште првиот месец, „Ја вративме почетната инвестиција за помалки од една година“, вели г. Неш. За неколку години PCS Wireless откупи еден од своите партнери, но и сите инвеститори.

Во 2014 година компанијата има 740 милиони долари со што двојно ја зголемија продажбата од 2013, а за 2015 се надеваат на над милијарда долари од продажба. Денес компанијата која ја основаа неколку пријатели, вработува над 2.000 работници и заедно со партнерот Praveen Arora очекуваат од продажба да заработат 2.5 милијарди долари. „Многу е важно околу вас да бидат луѓе кои се попаметни од вас“, вели г.Неш за својот тим.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments