Google е единствениот крал на мобилното пребарување

во Мобилни

„Google го доминира пазарот на интернет пребарувачите, но барем има некои конкуренти кои имаат по некој процент. Но ако погледнете во пребарувањето преку мобилен, што се однесува на паметните телефони, Google ги гази конкурентите до степен до кој никогаш не успа да дојде со нормалното пребарување.“ пишува Pingdom кои ги објавија податоците .

Тоа што е интересно е што мобилниот процент на Google се зголемува низ годините. Пред година дена имале „само“ 95.5%, сега имаат 98.2%. Секако дека во таа една година се појави Android мобилната платформа која стана голем играч во мобилниот пазар.

Ќе биде интересно со објавувањето на Windows Phone 7 телефоните кои ќе користат пребарувачот на Microsoft, Bing кој сега има само 0.4 отсто од пазарот. Pingdom, иако не верува, сепак вели дека ако Apple го тргне Google od iPhone ќе му откине голем дел од пазарот на Google.

Но и Google си има свои адути со гласовното пребарување и Googles.

Mоментално Google е единствениот крал на мобилното пребарување.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments