0 коментари 1 мин. читање

Среќен роденден Photoshop! Веќе 25 години ни ја манипулираш реалноста

Adobe го слави 25-тиот роденден на најпопуларниот софтвер за едитирање на фотографии со интересен timeline за почетоците на Photoshop. Од 1987 година кога Томас Нол го разви кодот што прикажа сиви слики на црно-бел монитор, до официјалното претставување на Photoshop на 19 февруари 1987 година, па се до денес кога се користат магични алатки. Несомнено Photoshop е едно од најголемите достигнувања на дигиталната (р)еволуција, и незаменлива алатка за сите дизајнери, артисти и креатори кои прават чуда, ја редизајнираат уметноста и ја манипулираат реалноста. Се што ви е потребно е малку знаење како да ги користите алатките, останатото Photoshop ќе го среди.

[youtube]QmYc1MNJaQc[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top